Баба Ванѓа му ја предвидела смртта на Саша Поповиќ, творецот на балканското тв-шоу “Ѕвездите на Гранд“

1956

Да се наежи човекот! Саша Поповиќ, кој последните неколку месеци е во тешка здравствена состојба, деновиве е во дополнителна паника.  И не знае што да прави самиот со себе? Лежејќи со денови во болесничкиот кревет во една високоопремена здравствена клиника во Париз, челникот на тв-шоуто “Ѕвездите на Гранд“ се сеќава на тажните зборови кои му ги кажала прочуената светска јасновитка, сега веќе починатата баба Ванѓа. Саша признава дека во ова време додека е болен се ежи од тие нејзините зборови во кои тогаш не верувал да можат да бидат вистина.

Вознемирена е секако и неговата сопруга, (поранешната пејачка) Сузана Јовановиќ со која Саша е во долг хармоничен брак. Тогаш кај баба Ванѓа беше заедно со Лепа Брена, па таа може да потврди што му кажа јасновитката од која многумина имаа уплав.

– Многу бев заинтересиран за тоа колку уште ќе живеам? Баба Ванѓа ми рече:              – Ќе умреш на 86 години, нема да загинеш, ќе се искршиш целиот, тешко ќе одиш, а нема ниту да страдаш од некое оружје. Но не се плаши, лесно ќе заминеш од овој свет. Ќе заспиеш и нема повеќе да се разбудиш. Така ми кажа слепата баба, а јас сега не можам да се смирам од тие нејзините застрашувачки и предскажувачки зборови.