Црногорскиот стратег Драган Аџиќ си поднесе оставка на тренерската позиција во словенечкиот првак Крим Меркатор. По поразот од Мец во Лигата на шампионите на домашен терен, Аџиќ поднесе оставка, а истата беше прифатена од страна на раководството.

Иако Крим ја стартуваше одлично новата сезона во елитната конкуренција и запиша четири победи, сепак потоа доживеа три порази во серија, од кои два дома. Крим загуби дома од ЧСМ Букурешт и Мец, а беше поразен и на гости кај Ференцварош.

Во следното коло словенечкиот тим ќе гостува кај фаворитот Мец, па нема да биде чудо ако по осум кола остане на половичен биланс. Сепак и покрај тоа Крим останува на четвртото место на табелата со осум бода, кое води во осминафиналето.

 

ИЗДВОЕНИ