Ахмети сè уште се надева на консензуален кандидат

48

Али Ахмети се уште се надева на консензуален кандидат со коалицискиот партнер Зоран Заев за да се надминат коалициските проблеми. Но, сепак, вели последната одлука ќе ја има раководството во Мала Речица. Ахмети не верува дека ќе има и предвремени парламентарени избори заедно со претседателските.

„За доброто на државата е да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти со цел да се постигне консензус. Останува отворено ова прашање и набрзо ќе одлучи раководството на ДУИ. Разочаран сум од албанскиот опозициски блок бидејќи не сакаат да соработуваат во однос на претседателски кандидат“ – вели Ахмети.