Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со министерот за транспорт на Косово, договорил да се изгради патот меѓу Тетово и Призрен.
– Пристапот кој денес го имаме е придобивка за сите наши земји, но да биде успешен овој ангажман, во рамките на оваа посета имавме посебно внимание кон изградбата на патот меѓу Тетово и Призрен кој би бил од голема економска придобивка за двете земји, затоа што патиштата овозможуваат проток, кој овозможува поголема економија – рече Ахмети на заедничката прес-конференција во седиштето на ДУИ во Тетово.
Тој потенцираше дека меѓувладини екипи сериозно работат на ова прашање, да се заврши побрзо проектирањето и да започне изградбата.
– Чекорите кои што треба да ги преземеме за патот кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, пат кој има голем придонес и влијание за двете наши земји. Ние сме во фазата за постигнување на финансиски договор за проектирање на заедничкиот тунел меѓу двете земји и потоа да пристапиме кон реализацијата. Овој проект ги поврзува освен Призрен и Тетово и националните паркови од двете страни на границата – рече министерот од Косово.