АХВ издаде препораки за одгледувачите како да ги заштитат животните од ниските температури

66

Навремено да се обезбедат вода и храна за животните во количества доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, им препорачува Агенција за храна и ветеринарство на одгледувачите на животни поради ниските температури и снегот.

Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето. На животните не треба да им се дава смрзната храна, а препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна доза на храна која им се дава на животните, особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат телеснаta температура.

-Животните не можат, а не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат преку лижење мраз или снег, затоа треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура. За таа цел препорачливо е одгледувачите (одгледувалишта со автоматски/статичен систем за напојување) навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично за, доколку има потреба, да ги употребат за напојување на животните При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова, наведува АХВ.

Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид прекривки за нив, при што треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви, Треба да се следи здравствената состојба на животните и почесто од вообичаено да се посетуваат и набљудуваат.

Животните кои даваат млеко треба да се измолзуваат редовно во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снегот или мразот,

Особено внимание треба да им се посвети на помалите, младите категории и болните и повредени животни, а одгледувачите треба да се во комуникација со ветеринар за дополнителен совет или за интервенции доколку е потребно.