Афалтиран новиот кружниот тек во Илинден

248

Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде е извршено комплетно асфалтирање во два слоја.

Како што информираат од Општина Илинден, овој кружен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10”, на влезот во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината.

Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.

Дополнително, улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.