Хрватска ќе се соочи со недостиг на шеќер, а еден од трговските синџири веќе има ограничена продажба. Тамошните медиуми јавуваат дека истиот чекор ќе го преземат и останатите продавници, повикувајќи се на изјава на Мартин Евачиќ, член на Извршниот комитет за трговија на Хрватската асоцијација на претприемачи и претседател на „Национален малопродажен синџир“.
Причина е замрзнатата цена на шеќерот во владиниот пакет мерки усвоен во четвртокот и чија примена почна вчера, пренесува „Новости“.
– По затворањето на две фабрики за шеќер, остана само онаа во Жупања која едвај задоволува една третина од потребите, па затоа увезуваме шеќер бидејќи нема избор. Цената на шеќерот на европската берза моментално е нешто повисока од едно евро, а додека за него плаќаме ДДВ, што за нас е нето загуба, продажната цена носи загуба од две куни. Веќе ќе изгубиме од она што го имаме на залиха, а кога ќе се стопат, продажбата на шеќер ќе биде чиста загуба што трговците нема да можат да си ја дозволат, па ќе нема шеќер – вели Евачиќ.
Тој објаснува дека во фабриката за шеќер во Жупања се произведуваат 30.000 тони шеќер годишно, додека потрошувачката е 120.000 тони.