Атлетико (М) кружи околу Хакан

54

Италијанскиот калчо гигант Милан веќе се недели се обидува да постигне договор со турскиот интернационалец Хакан Чаланоглу, околу продолжувањето на соработката. Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а раководните лица на „росонерите“ веќе му понудија нов договор кој е со важност до 2024 година. Во изминатите неколку дена голем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Атлетико (М).