Кошаркарите на Атланта на свој терен славеа против тимот на Орландо со 106:104 за втора последователна и севкупна 17. победа од почетокот на сезоната во НБА лигата. Атланта до триумфот стигна во возбудлив финиш во кој прво Паоло Банкеро со тројка израмни (104:104) на 8,4 секунди до крајот, а потоа Дижонте Мареј погоди за победа на домашниот тим на звукот на сирената.
На крајот, Мареј беше најефикасен кај Атланта со 26 поени, додека на спротивната страна прво име беше Банкеро со 26 коша.
Резултати: Детроит – Минесота 117:124, Бостон – Сан Антонио 117:98, Кливленд – Милвоки 135:95, Њујорк – Хјустон 109:94, Торонто – Мајами 121:97, Њу Орлеанс – Шарлот 132:112, ЛА Лејкерс – Далас 127:110, Портланд – Бруклин 105:103.