По извештаите за експлозии и сирени за воздушен напад во Керч, Крим, официјални лица на анектираниот полуостров наметнат од Русија соопштија дека се соборени два дрона. Меѓутоа, руското Министерство за одбрана објави сосема поинаква верзија. Тие тврдат дека Киев се обидел (повторно) да го таргетира мостот со противвоздушна ракета С-200, а не со беспилотни летала.
„Украинската ракета е навремено откриена и пресретната во воздух од руските системи за противвоздушна одбрана“, објави Министерството за одбрана на Телеграм.
Понатаму се наведува дека нема штета или жртви, но тоа останува да се види, со оглед на тоа што досега во слични случаи и напади врз клучни цели, Русија негирала дека има штета и жртви дури и кога имало, како во случајот со крстосувачот „Москва“.
Верзијата на денешниот настан од гледна точка на управата на Крим, односно руски функционери на Крим назначени од Кремљ по анексијата на полуостровот во 2014 година, е дека чадот што излегува од мостот го создале спасувачките служби. .
Граѓани: Нешто удри во мостот
Локалните жители во близина на плажата рекоа дека виделе „нешто удрило во мостот“, иако руските власти тврдат дека воздушната одбрана ги запрела беспилотните летала. Исто така, сообраќајот е прекинат во двата правци.
Претходно утринава Русија тврдеше дека Киев испратил 20 дронови да го нападнат Крим во текот на ноќта, но дека руската воздушна одбрана ги уништила сите.
Во исто време со денешниот обид за напад, речиси секојдневно има вести за обиди за напади со беспилотни летала врз цели во Русија, па дури и во самата Москва.
The Russian occupation authorities of Crimea report that two missiles were shot down by air defense forces near the Kerch Strait. According to them, the Crimean bridge was not damaged.
The Crimean authorities said that the smoke was caused by a special smoke screen.
They… pic.twitter.com/Kdaw95hRuR
— Slava Ukraini 🇺🇦 Making Spaces Great Again 🛸 (@Heroiam_Slava) August 12, 2023