Асфалтирана дел од површината на пешачките патеки меѓу малите езерца во Градскиот парк

52

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве почнаа со асфалтирање на реконструираните пешачките патеки во градскиот парк во делот меѓу малите езерца, наспроти локалот „Централ парк“.

Досега е обновена површина од околу 620 метри квадратни со нова асфалтна маса, а патеките се со широчина од три до пет метри и со различна должина.

Реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи и во наредниот период во средишниот дел од паркот, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000метри квадратни.

Денес екипите продолжуваат со активностите за реконстукција и асфалтирање и на останатите пешачки патеки, со што ќе се добие уреден изглед на Градскиот парк кој граѓаните го користат за прошетки и рекреација.