Астролошки календар за донесување вистински одлуки: денот на Венера за венчавки, денот на Јупитер за трошење пари

372

Според астрологијата секој ден во неделата претставува една планета, има своја моќ и квалитет па така е погоден за одредени планови и акции. Планирате венчавка за догодина? Тогаш, денот нека биде петок! Секој ден во седмицата има свое значење – откријте го за да го искористите на вистинскиот начин.

Понеделник – ден на Месечината

Понеделникот како прв работен ден во седмицата, е многу поволен за ритуалите на плодноста и зачнувањето. Исто така, понеделникот е поволен ден за донесување одлуки кои имаат врска со чувствата, а месечината е таа која ве прави чувстителни во понеделник.

Вторник – ден на Марс

Ова е денот во кој ќе бидете полни со енергија. Вторникот е најдобриот ден ако сакате нешто да купите или да продадете. Тој е и идеален ден за промена на начинот на исхрана, промена на здравствените навики. Овој ден е одличен за спортски активности.

Среда – денот на Меркур

Во среда можете спокојно да планирате што ќе правите во следните денови, исто така можете да разговарате со другите за своите планови, ама запомнете, во никој случај не треба да ги започнувате на овој ден. Овој ден е создаден за комуникации и креативност.

Четврток – ден на Јупитер

Четвртокот е ден во кој ќе трошите многу пари. Ако одите на некое патување во четврток или ако излегувате некаде, бидете претпазливи и убаво размислете на што ќе ги потрошите парите. Четврток е ден за медитација, бидејќи тогаш интуицијата ви е најбистра.

Петок – денот на Венера

Петокот е ден погоден за љубов и за романтични вечери со партнерот. Исто така, ова е идеален ден за личностите кои се сами бидејќи во петок имаат најголеми можности да запознаат нови личности. Петокот е ден кога имате најмногу храброст и волја за флертување и заведување. Ако сакате да се венчате, направете го тоа во петок, бидејќи овој ден традиционално бил ден за венчавање.

Сабота – денот на Сатурн

Ако сте започнале некои проекти во сабота, тие често знаат да се оддолжат, бидејќи ова ден во кој обично не се довршуваат започнати проекти. Ама затоа овој ден има предност, бидејќи ви дава трпение и истрајност во работата. Ако во сабота склопите започнете ново пријателство или работа, обично на крајот исходот ќе биде добар.

Недела – денот на Сонцето

Според астрологијата, неделата е ден за одмор и опуштање, како и за дружење со пријателите. На овој ден треба да се занимавате со нешта што ве забавуваат. Исто така, неделата е идеален ден за будење на творечката способнсот и акумулирање енергија за претстојните денови.