Асенсио замена за Дибала

69

Ако предвреме биде прекината соработката со аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала, раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на големиот талент од редовите на Реал (М), Марко Асенсио.

Големата желба на „старата дама“ може да стане реалност само доколку официјалната понуда за репрезентативецот на Шпанија не биде помала од 150 мил. евра.