Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, повторно испрати јасна порака до раководните лица дека сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на шведскиот интернационалец од редовите на Њукасл, Александр Исак. Големата желба на Шпанецот ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 80 мил. евра.