Артан Груби “леташе орел” сред емисија

85

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во емисијата на ТВ24, покрај ставовите изразени во врска со гласањето за Законот за јазиците и уставните измени на името,при дебатата покажа орел .

Тој го направи тоа откако претходно новинарот го праша што сакаат да покажат лидерот на ДУИ и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со фотографијата објавена на социјалните мрежи и за каква евроинтеграција зборуваат од таа партија притоа објавувајќи фотографии на кои пропагираат национални симболи.

 

“Не знам каде го гледате тој национализам и зошто тие „орли“ ви пречат. Тоа не е Голема Албанија. Ме повредува ракометарот на којшто му пречи албанскиот јазик“, истакна Груби.