Арсовски: Уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат

32

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска нагласи дека СДСМ преку националното предавство се обидуваат да купат уште некој ден повеќе да бидат на власт, за да може да донаместат уште некој тендер или да доискрадат уште тоа што им останало. Според него владата на СДСМ не може да биде поевропска од било која друга во Република Македонија во ниту еден случај.

„Да потенцирам уште еднаш јасно и гласно, уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат, во ниту еден случај нема да се случат. Граѓаните шамарот на власта за предавството најпрвин треба да им го удрат на референдум, а потоа и на избори кога ќе ги однесат буквално до расформирање со поразот со кој што им го нанесат. Нема промена на Уставот на Република Македонија под овие околности, по ниту една цена. Јавно повикуваме и како партија и како политичари од оваа партија да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и шансата да одлучува да ја има народот да донесе одлука, а не да ја носат одлуката политичарите кои што се корумпирани од власта за нивното лично коруптивни интереси. Одлуките на власта, одлуките на политичарите од СДСМ не се во интерес на граѓаните“, изјави Арсовски дадавајќи дека не смее повеќе разочарувања, не смее повеќе неуспеси и народот не смее повеќе да губи надеж. Доволно генерации пропаднаа заради владите на СДСМ.