Таа вели дека ја објавила кандидатурата како независна, со која што ќе стане градоначалничка на градот.
-Поддршката ја добив од моите пријатели и скопјани, но ја побарав од сите кои што живеат овде и сакаат поубаво Скопје. Исто така ја добив и од ВМРО-ДПМНЕ и им благодарам за тоа. Најважно од се е дека верувам дека ќе ја добијам поддршката од сите жители на градот, а уште поважно е дека ја барам поддршката и од симпатизерите на СДСМ, рече таа во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“ и додаде дека ќе биде отворена за сите и градоначалничка на сите скопјани.