Арсовска го разреши в.д директорот на ЈП „Комунална хигиена“

86

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Градските власти образложуваат дека Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани.

-Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност – објаснува Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје.