Само неколку минути подоцна, откако и официјално беше потврдено дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал става крај на соработката со шпанскиот стручњак Унаи Емери, раководните лица на популарните „топчии“ открија дека клупската легенда, Фреди Љундберг ќе биде привремен менаџер на Арсенал.
Легендарниот репрезентативец на Шведска во изминатиот период беше помошник на трофејниот шпански стручњак.