Ароматерапија за ослободување од вируси и бактерии

182

Шамивче со неколку капки етерични масла од лаванда, лимон и рузмарин ќе го прочисти воздухот во просторијата а вие ќе бидете помалку подложни на инфекции и полесно ќе дишете.

Оппто познато е дека болестите најлесно и најбрзо се пренесуваат во затворени и лошо проветрени простории со голем број луѓе.

Превентивно, најважно е редовно да се одржува навика на темелно миење раце бидејќи валканите раце се сметаат за најчест пат на пренесување заразни болести, потоа проветрување на простории во кои престојувате, животни или работни, заради циркулација на воздухот со што се отстранува потенцијално инфективната прашина.

Редовно треба да се дезинфицираат работните и останатите површини како и предметите со кои ракувате, како работата маса, типките на тастатурата и глувчето на компјутерот, кваките или мобилните, советуваат ароматерапевтите.

Истражувањата низ светот покажаа дека само 34 отсто луѓе правилно ги мијат рацете. Рацете се мијат пред користрењето на тоалетот, и по завршувањето на личната потреба, пред и по приготвување храна грижа за болни, кивање и кашлање, работа со отпад и при влегување во домот.

Ако на колегите соработници во работниот простор не им пречи мирисот на етерични масла, наместо аромалампички или дифузери, на масата ставете шамивче на кое сте капнале неколку капки етерични масла од лаванда, лимон и рузмарин, кои го стимулираат имунитетот и дејствуваат антимикробно и помагаат во одржување на концентрацијата во текот на денот.

Мешавините на етерични масла се секогаш подобар избор поради спектарот на дејстввуање и синергискиот однос.

Предлог мешавина на етерични масла од 30 мл – по пет капки кајепут, мирта, равенсар и евукалиптуст измешани со 10 мл кора од лимон или грејп.