Институциите во земјава треба да ги променат своите називи во разумен рок или согласно вообичаените административни практики, што е во духот на Договорот од Преспа. Со тоа ќе бидат испочитувани одредбите од Договорот, потенцираше вчера шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Димитров рече дека според Преспанскиот договор, една е насоката што треба да се почитува во однос на институциите согласно новото име Република Северна Македонија, а друга е линијата што се однесува на идентитетот, односно се што е поврзано со идентитетските прашања.
-Во овој случај формалното име на пример на Армијата би била Армија на Репубика Северна Македнија, бидејќи тоа е сега уставно име на државата, но, на пример во случајот со Македонски народен театар, имаме етнички елемент и најверојатно ќе биде Македонски народен театар, рече Димитров.
Во однос на МАНУ напомена дека тоа е државна институција, но таму има одредена специфика и изрази надеж дека ќе се најде добро решение.