Арина Сабаленка незапирливо си го трасира патот до финалето на САД опен. Белорусинката одлично ги користи своите физички предиспозиции, вели дека и самата често е изненадена од тоа колку силно ја удира топката.
– Ја погледнав статистиката на мојот форхенд, не ми се верува дека е толку брзо. Понекогаш ми е непријатно кога гледам дека удирам посилно од мажите. Навистина интересна статистика – коментира таа по победата против Белгијката Мертенс со 6:2, 6:4.
Дека не е претерување тоа, таа докажа многупати. На пример, на Ролан Гарос, таа имаше просечна брзина на форхендот поголема од онаа што ја забележа Јаник Синер, кој стана број еден откако нејзиниот на грен- слемот во Париз беше 125 километри на час, а неговиот 122. Минатата година, кога триумфираше во Мелбурн, нејзината просечна брзина на форхендот беше поголема од двајцата финалисти, Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.
Таму, лани играше финале, две сезони по ред е шампионка на Австралија опен и јасно е дека најдобро игра на бетон.
– Брзината на теренот многу ми одговара. Поените се пократки, мојот сервис е подобар, има многу предности на овие типови подлоги. Но, не заборавајте дека можам да играм и на трева и на земјена подлога.
Таа се квалификуваше за четвртото последователно четврт-финале на САД опен. Следна ривалка ќе ѝ биде Чинвен Женг, а со оглед на тоа што беше елиминирана бранителката на титулата, Коко Гоф, нема сомнеж дека апетитот ѝ расте од меч на меч.