Алијанса за Албанците денес го одржа Второто собрание на кое се констатира поднесената оставка на досегашниот Претседател, г. Зиадин Села и воедно Арбен Таравари се избра за вршител на должноста Претседател на Алијанса за Албанците.
На овој состанок беше донесена одлука за организирање на вонредниот Конгрес кој ќе се одржи на 17 декември 2022 година, и се формира комисија за организирање на Конгресот.
Пред членовите на собранието беше презентиран извештајот за последните избори за Советот на Општина Тетово, како и се донесе одлука за организирање на внатрешни избори во огранокот на Тетово.