Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, се најде во непријатна ситуација откако беше „нападнат“ од многу светски медиуми поради одлуката да стане тениски амбасадор на Саудиска Арабија.

Дел од медиумите и спортските организации ја изразија својата загриженост поради одлуката на Надал и сметаат дека „не треба да промовира земја која сака да го „обели образот“ преку спортот, поради постојаното кршење на човековите права“. Својата шанса ја дочекаа и луѓето кои не го сакаат премногу Шпанецот и се потсмеваат со прашањето „колку пари му се потребни“?

Се шпекулира дека 22-кратниот освојувач на грен-слем турнирите за овој ангажман ќе инкасира нешто над 50 милиони евра, а неговата вкупна досегашна заработка од турнирите изнесува 134 милиони евра. Тука секако не се вклучени сите дополнителни хонорари за спонзорски договори, маркетингшки кампањи и останати приходи.