Април не им бил суден за патување: На два американски брода за крстосување избувнале епидемии на норовирус

188
Фото:пекселс

Програмата за санитација на бродови (VSP) на ЦДЦ ги следи „многу заразните“ епидемии по извештаите за патници во неволја, пишува Дејли мејл.

Околу 67 од 1.993 патници на Radiance of the Seas пријавиле дека се разболеле за време на патувањето од Тампа до Лос Анџелес помеѓу 8 и 22 април, а двајца членови на екипажот исто така пријавиле болест.

На бродот Sapphire Princess, околу 94 од 2.532 патници пријавиле слични симптоми за време на патувањето од Лос Анџелес до Јужниот Пацифик, кое започна на 5 април и треба да заврши на 7 мај.

Околу 20 членови на екипажот на овој брод за крстосување исто така пријавиле симптоми.

Најчестите симптоми пријавени од заразените се гадење и дијареа, а ЦДЦ предупредува на дехидрација и ги советува заразените да консумираат повеќе течности.

Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Секој може да се зарази и да се разболи од норовирус. Понекогаш се нарекува „стомачен грип“. Сепак, норовирусната болест не е поврзана со грипот, кој е предизвикан од вирусот на грип“, се вели на веб-страницата на ЦДЦ.

Програмата за санитација на бродови на ЦДЦ бара од бродовите за крстарење да пријават и документираат случаи на болест на нивните бродови за да се олеснат координираните одговори за итни случаи.