АПОКАЛИПСА ВО БИХ, НАД 20 ЖРТВИ: Снимка на Долна Јабланица од воздух ги покажува размерите на катастрофата/ВИДЕО

39

Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина. Само на подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ загинаа 17 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде значително поголем, бидејќи стотици луѓе се сметаат за исчезнати.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица. Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави. Според пишувањата на медиумите, во населбата Доња Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Поплавени се и подрачјата Кисељак, Крешево, Вареш…