– Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото 20 отсто на изминат километар да се измени и да се спушти на 5 отсто. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација – вели
Тој даде и еден пример како за патување кое вреди 300 денари пратениците земаат диполнителни 700 денари и го олеснуваат буџетот, а сето тоа е законски.
– Ќе ви кажам и еден пример. Патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. За 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари. 700 денари Собранието ги дава бакшиш – додава тој.