Анџелина Џоли ќе се мажи за милијардер?!

65

Филмската ѕвезда Анџелина Џоли ќе се мажи за милијардер, објави списанието „Лајф енд Стајл“. Магазинот тврди дека актерката не само што се гледа со засега непознат богаташ, туку и планира наскоро да се венча со него во Франција.

Според „Лајф енд Стајл“, свадбата ќе се одржи на истото место на кое Анџелина му кажа „да“ и на Бред Пит во 2014 година.

Но, извор близок до Џоли, тврди дека тоа се само гласини и дека глумицата „живее сама и среќна“.