Познатата американска актерка Анџелина Џоли (49) и англискиот рапер Акала (40) последниве денови се предмет на медиумско внимание. Неговото појавување на настан за компанијата на Џоли, „Ателје Џоли“ во Њујорк беше протолкувано како официјална потврда за нивната врска. Ова доаѓа два дена откако Акала ѝ се придружи на Џоли на 62. филмски фестивал во Њујорк, на премиерата на филмот „Марија“ во Линколн центарот во Њујорк.
Парот се започнал минатиот мај на литературен фестивал во Јамајка. Оттогаш, Џоли и Акала се неколкупати забележани заедно. Заедно биле и на фестивалот во Венеција.
Сепак, некои извори тврдат дека тие се само пријатели, додека други сугерираат дека се романтично поврзани. И додека трае судскиот развод на Џоли од Бред Пит, веста за нејзината нова врска привлече големо внимание. Акала е познат не само по својата рап-кариера, туку и по неговиот политички активизам. Овие настани повторно го разгореа интересот за личниот живот на холивудската ѕвезда.
Во неодамнешното интервју за списанието „Холивуд репортер“ Џоли зборуваше за нејзината нова актерска улога во „Марија“, филм за оперската дива Марија Калас, но и за нејзиниот личен живот.
Во разговорот открива дека живее во Лос Анџелес само затоа што поради разводот од Бред Пит нема друг избор. Таа може да се пресели од овој град кога сите нејзини деца ќе наполнат 18 години.
„Кога имаш големо семејство, сакаш сите да бидат мирни и безбедни и нивната приватност да биде заштитена. Јас имам дом во кој можам да ги одгледувам моите деца, но понекогаш ова место може да биде заморно… Хуманоста што ја видов… патувањето низ светот не е она со што пораснав овде“, рекла актерката.
Таа рекла дека планира да помине извесно време во Камбоџа кога нејзините деца ќе станат возрасни.
Актерката, понатаму признава дека практично нема блиски пријатели во нејзиниот живот – оние на кои може да им се јави среде ноќ ако има потреба:
„Можеби тоа е затоа што ја изгубив мајка ми рано, можеби поради работата. Факт е дека сум била изневерена многу пати, немам многу топли, блиски односи на кои би се потпирала, но имам неколку пријатели, и тоа е доволно“.
Според Џоли, таа наишла на ситуации кога пријателите не ѝ дошле на помош ни нејзе, ни на членовите на нејзиното семејство, но сепак во нејзиниот живот има неколку луѓе на кои им верува.
Што се однесува до филмот „Марија“, кој беше прикажан и на филмскиот фестивал во Венеција, Анџелина открила дека можела да глуми во него бидејќи некои од нејзините деца веќе станаа доволно возрасни и независни.
„Веќе не им требам толку многу, па може да ме нема подолго, или можеби можат да дојдат на снимање со мене поради нивната возраст. Ова е ново време во нашите животи. Навистина сум возбудена што гледам како сè полека се враќа на место“, изјави Џоли.