„Анѓо, мило наше дете, ангелу наш, зошто замина така…?“ Семејна трагедија на пејачката Наталија, во несреќата во Нови Сад

0
769

Добро познатата пејачка од денс-групата „Трик-фикс“, Наталија Ибраимов, е во голема жалост. Пред неколку дена, во онаа страшна несреќа во Нови Сад, таа ја загуби милата внука Анѓела. Тоа е ќерка на нејзиниот братучед од тетка. Драгата Анѓела имаше само 20 години. Премногу млада, пред неа беше целиот живот, но жалната судбина ги замеша прстите.

Во моментот на несреќата, Анѓела седела на клупа со своето момче. Дошла во Нови Сад за заедно со него да го прослави неговиот роденден.

– Братучед ми ме извести дека ја загубил ќерката, која отишла во Нови Сад да го прослави роденденот на своето момче – рече Наталија низ солзи.

– Анѓела беше многу среќна. До неа, во моментот на трагедијата, било и нејзиното момче, заедно седеле на клупа, се гушкале, вљубени, млади, среќни. И, ете што се случи. Заминаа заедно во смрт. И таа и тој починаа. Не ми се верува дека одеднаш ја нема, дека ѝ е таква судбината… На братучед ми, нејзиниот татко, воопшто не му е добро, постојано прима лекарства. Ниту мене не ми е добро. Ова е наша страшна семејна трагедија. Многу ми е жал, се гушам во солзи, не можам да зборувам. Огромна е тагата – до горе, до небото – изјави скршената Наталија.

А, потоа ѝ порача, уште еднаш, трогателно:

– Ангел си наш за целиот наш живот, па зошто, зошто, зошто замина така, без поздрав? Останувам нема, мила моја Анѓо, ти отиде на роденден, а остана под урнатините. Мило наше дете. Почивај во мир, срце наше!                                             А, ти, драг мој брату, мора да бидеш силен, да го издржиш сето ова.