Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од изданието на неговиот тим против Еспањол. „Кралскиот клуб“ забележа победа со 4:1 во меч од 6.коло на шпанската Ла Лига.
– Мислам дека натпреварот беше добар, тимот добро реагираше на голот на Еспањол. Почнавме да играме многу подобро, со поинаков ритам, создавајќи повеќе шанси и јас сум среќен. Игравме побрзо, подобро се движевме низ теренот и затворавме простор. Погодивме многу удари кон голот и треба да бидеме задоволни со тоа. Постепено се приближуваме до нашата најдобра верзија. Карвахал беше повреден, но ништо сериозно, Белингем имаше проблеми со рамото, но тие се решени проблеми и се чини дека нема причина за грижа. Играше со специјална заштита, сега игра без неа веќе еден месец, мислам дека нема да има никакви проблеми, изјави Анчелоти.
Реал е бранител на трофејот во Шпанското фудбалско првенство. По шест натпревари има освоено 14 бода, еден помалку од лидерот Барселона која денес му гостува на Виљареал.