Анчелоти побара три засилувања

75

Сопственикот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, планира сериозно да го засили својот тим за време на летниот преоден рок. Контроверзниот сопственик на “азурите” е сфесен дека без неколку квалитетни засилувања, Наполи не може да биде конкуренција на Јувентус кога е во прашање борбата за шампионската титула во Серија А.

Пред неколку дена тренерот на Наполи, Карло Анечлоти го информирал Де Лаурентис дека сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на Хирвинг Лозано (ПСВ), Каспер Долберг (Ајакс) и на Хамес Родригез (Баерн М.).