Анчелоти побара само еден фудбалер од Барселона

25
epa11605965 FC Barcelona's Lamine Yamal (C) celebrates with teammates Robert Lewandowski (L) and Raphinha (R) after scoring the 0-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Girona FC and FC Barcelona, in Girona, Spain, 15 September 2024. EPA-EFE/DAVID BORRAT

Изминатата сезона Барселона цело време гледаше во грбот на Реал (М) кој беше премногу доминантен, но раководството на клубот предводено од Жоан Лапорта направи неколку потези кои можат да ја променат сликата за шпанскиот фудбал. Ако се суди по првите неколку натпревари, Каталонците имаат целосно право да очекуваат нова титула во Ла Лига.

Иако Реал (М) се засили со Килијан Мбапе, Барселона го доведе Дани Олмо, но ги задржа и најдобрите играчи. Еден од нив секако е Ламине Јамал, за кого ПСЖ беше подготвен да плати рекордни 250 милиони евра. На „Камп Ноу“ беа свесни колку е важно да се задржи младата супер ѕвезда и затоа експресно беше одбиена понудата на „светците“.

Барса има врвни таленти, ги има Педри и Гави, искусниот Левандовски во нападот, магичниот голман Марк Андре Тер Штеген, но ниту една од овие ѕвезди не го импресионираше Карло Анчелоти како офанзивниот бек.

Во првите пет натпревари Барса оствари пет победи и секако се се врти околу Олмо, Јамал, Лева, Рапфиња и другите ѕвезди, но една стара лисица како Анчелоти на фудбалот гледа на поинаков начин.

Според мадридскиот спортски портал „Defensa Central“, Анчелоти му рекол на Флорентино Перез дека посебен впечаток му оставил Алехандро Балде, 20-годишниот лев бек, кој со Шпанија го освои ЕП во Германија на почетокот на летото.

Балде порасна во Барселона, мина низ познатата Ла Масија, а за првиот тим игра од летото 2022 година. Оваа сезона забележа пет настапи и е редовен во првиот состав на Ханси Флик.

Освен што игра одлично во одбраната, Балде многу работи напред и често може да се забележи пред голот на противничката екипа, со брзина и квалитетен центаршут.

Реал (М) може да си го дозволи трансферот на Балде, кој е проценет на 45 мил. евра, но челниците на Барселона никогаш нема да седнат на преговарачката маса.