Англиските медиуми пренесуваат дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го решил правниот спор со неговиот поранешен клуб Евертон. Како што претходно објавија медиумите, италијанскиот стручњак на 9 јуни поднел тужба до Високиот суд во Лондон. Барањето се однесувало на „општи трговски договори и аранжмани“ и морало да се разгледа пред трговскиот суд.

Адвокатската фирма што го застапуваше Анчелоти изјави дека двете страни „постигнале пријателско решение на спорот“.

  • Карло има постојана почит и длабока наклонетост кон навивачите на Евертон и им посакува се најдобро на нив и на клубот во иднина, се вели во изјавата на адвокатот.

Карло Анчелоти беше менаџер на Евертон од декември 2019 до јуни 2021 година.