Антиќ потпиша за Чата

77

Една од најдобрите македонски кошаркарки, Јелена Антиќ, во иднина ќе настапува во првенството на Унгарија. Таа се договори со тимот на НКЕ Чата, екипа која има учинок од 7 победи и 5 порази во моментов се наоѓа на седмото место на табелата.

Антиќ беше преставена во новата средина како ново засилување заедно со Џудит Барнаи која е репрезентативка на Унгарија.

Македонската репрезентативка има големо искуство, па од неа се очекува многу во тимот на Чата.