Андријана Јаневска доби најмногу роденденски бакнежи од синовите Димитар и Кристијан – Честитки од сите страни

230

Андријана Јаневска го прослави својот роденден свечено, весело, со пријателите и со семејството. Вели дека ги сaка родендените и дека тој ден, денот на раѓањето, треба да е посебен за секого од нас, бидејќи и чувствата се посебни. Таа е во брак со Драган Гиновски-Гино, познат македонски гитарист, со кого ги има синовите Димитар и Кристијан. Синовите ѝ подарија убави подароци (можеби шах, бидејќи таа е голем љубител на шахот), но, сепак, најубави беа големиот број бакнежи од нив. Секако, и желбите за долг живот и за здравје, нешто што, разбирливо, сите си го посакуваме.

Таа, пак, ги израдува со роденденска торта, покажувајќи колку е среќна, насмеана и добро расположена – со звуците на виолината, нејзиниот омилен инструмент.

Роденденот ѝ го честитаа и нејзините ученици од Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што е успешна професорка. Андријана има богата музичка кариера зад себе и секогаш има одлична комуникација со новинарите, со медиумите. Па и сега, додека ги споделува роденденските моменти со седмата сила. Нека е за многу години, Јаневска!     Д.М. фото:ФБ