Андреј и Панчо од „ДНК“ во „Зимската бајка“ како весели „внучиња“ на Дедо Мраз

16

На 22 декември во арената „Јане Сандански“! Броиме ситно до Новата година, до најлудата ноќ, а “џингл-бел, џингл-бел“  ѕвони на секој чекор. Во пресрет на веселите празници, за децата и сите оние што се чувствуваат претпразнично еуфорично, подготвена е шарената, весела и пред сè интересната „Зимска бајка“.

Организаторот најавува вистински празник, пред се за најмладите, на 22 декември (недела) во 12 часот, точно напладне во арената „Јане Сандански“ во Скопје.              Ќе се случува неколкучасовна голема журка во новогодишно руво.

На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, а тука ќе бидат и омилените детски музички ѕвезди: „Златните славејчиња“ ќе пеат и пијат од најбистрите Поточиња во волшебната шума на Биби и Боби. Луда забава ќе има и со маските на Pow-Patrol. Празнично, едукативно, поучно.

Домаќините на ова весела програма се уште повесели „внучиња“ на Дедо Мраз, а тие се: Андреј и Панчо од ДНК. „Зимска бајка“ е можност да се испрати старата и највесело да се пречека Новата 2025 година, да се разбуди магијата и радост во срцата на сите посетители. Организаторот e D-Sound продукција, a билетите се веќе речиси разграбани, бидејќи децата си ги дочекаа своите „пет минути“ со оваа новогодишно “обоена“ журка.