Андреа се враќа во Македонија- носи страшно невреме

293

До крајот на денов во планинските места ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи а има услови и за редок град,  а слична ќе биде ситуацијата и во текот на утрешниот ден. Максималните днервни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Најтопло ќе биде пак во четврток со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Веќе во четврток попладне и навечер атмосферата ќе започне на повеќе места да се дестабилизира и тоа под повторно влијание на Андреа па така на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста за невреме со град, силен ветер и електрични празнења.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон петок и во петок кога локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Повторно поголеми услови за нестабилност ќе има во текот на следната недела што значи влијанието на Андреа според најновите направени анализи ќе продолжи и во текот на следната недела.