Андонов: Гасот ќе го купиме од Србија

78

Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во Владата, во телевизиско гостување открива дека Македонија ќе купува приорден гас од Србија за топлинска енергија и за производство на електрична енергија. Со тоа дефинитивно ќе биде заобиколен „Макпетрол“ и купување на природен гас од „Гаспром“.

За таа цел Владата вчера одобри 18 милиони евра за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје.

„Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија“, рече Андонов

Тој додаде дека договор со „Макпетрол“ како трговец  не бил постигнат затоа што цената која ја нудел „Гаспром“ била екстремно висока.

„Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот“, истакна владиниот советник.

Тој дополни дека со српската страна во процес е договарањето за количините на гас по прифатлива цена со која нема да има нови поскапувања и оптеретување на буџетот.

„Разговорите одат во насока на обезбедување прифатлива цена“, заклучува тој и додава дека тоа ќе биде билатерален договор помеѓу две држави.