Андонис Самарас исклучен од Нова демократија

20

Поранешниот грчки премиер и долгогодишен член на Нова демократија, Андонис Самарас, е исклучен од партијата поради неговите постојани критики на владините политики.

Самарас, познат тврдокорен националист и клучен фигура во грчката блокада за Македонија, остро го напаѓаше премиерот Киријакос Мицотакис за „премногу попустлив“ став кон Турција и за политиките што ги нарече „центристички“ и „разбудени“. Неговата критика вклучуваше и неодамна усвоениот закон за истополови бракови, на кој се противеше.

Особена реакција предизвика неговото интервју за весникот „То вима“, каде што Самарас побара смена на министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис. Владата го оцени ова како „екстремни лаги и провокации“.

Ова не е првиот конфликт меѓу Самарас и семејството Мицотакис. Но, со исклучувањето на Самарас, владејачката партија го одржува своето кревко мнозинство од 155 пратеници во парламентот.