На Светското првенство што се одржа во Киелце, Полска, младиот танчар од Гостивар, Анди Исмаили, постигна историски успех. Во конкуренција од 72 танчари од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата Performing Arts Improvisation, освојувајќи ја титулата Светски шампион под боите на македонското знаме.

Анди Исмаили по петти пат стана светски шампион во танцување.

Но ова не беше и единствениот успех на младиот Анди. Тој во Киелце освои и сребрен медал во категоријата Модерен балет соло момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана Светски вицешампион.

Анди е член на танцовото студио “Break a Leg” од Скопје, а позади неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска.

Ова е веќе петти пат Анди Исмаили да ја носи титулата светски шампион, покажувајќи неверојатен талент и упорност. Неговиот успех е гордост за Гостивар и за Македонија, и пример за младите кои ја следат својата страст.

ИЗДВОЕНИ