Англичаните ќе играат до самиот старт на СП 2022

86

Сезоната 2022/2023 во англиската Премиерлига, ќе биде прекината на само девет дена пред почетокот на фудбалското Светско првенство кое ќе се игра во Катар.

Според календарот кој го направија Англичаните, првенството ќе прекине на 12 ноември 2022, а Мундијалот стартува на 21 ноември. Финалето е закажано за 18 декември, што значи дека Премиерлигата ќе може да се игра на таканаречениот Боксинг деј, веднаш после католичкиот Божик.

На 14 ноември годинава клубовите треба да одлучат кога ќе почне сезоната 2022/2023, и колку кола ќе се играат до паузата. Ова значи дека селекторите на националните тимови нема да имаат многу време за подготовки, но на располагање ќе имаат играчи кои физички ќе бидат во топ форма и во натпреварувачки ритам.