Англичаните го открија планот на Гвардиола за јануари

54
epa10184592 Manchester City manager Pep Guardiola reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between Manchester City and Borussia Dortmund in Manchester, Britain, 14 September 2022. EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер Сити е во најголема резултатска криза во последните 20 години, а за тоа најдобро говори податокот дека ова е првпат во кариерата на Пеп Гвардиола да има пет порази во низа со еден тим.

„Граѓаните“ доживеаја нов пораз во саботата на „Итихад“ каде Тотенхем ги понижи со 4:0, само еден ден подоцна откако беше потврдено дека Гвардиола ќе остане на клупата на Манчестер Сити и во следните две сезони.

Шпанскиот стручњак имаше договор до крајот на оваа сезона, но реши да остане иако и самиот во неколку наврати изјави дека е многу поблиску до заминување од клубот.

Сепак, Шпанецот се предомисли по разговорите со челниците на Сити и на крајот потпиша нов договор кој ќе трае до летото 2027 година.

Англиските медиуми наведуваат дека Гвардиола и клупските челници се свесни за кризата во која се наоѓаат моментално и како и секогаш така и во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да најдат решение со нови засилувања.

Иако тоа не беше првичниот план, челниците на Сити решија да инвестираат значителна сума за засилувања во јануари, а познато е кој ќе биде приоритетот на Гвардиола.

Шпанецот сака да ги засили нападот и средниот ред, а моментално најголем проблем е позицијата на која игра Родри, кој се опоравува од тешката повреда.

Иако Матео Ковачиќ игра доста добро на таа позиција, сепак на крајот Гвардиола реши дека му требаат нови засилувања, а прва желба му е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Зубименди летово одби да оди во Ливерпул, а наводно веќе е во контакт со Гвардиола на кого му рекол дека нема да ја добие поканата од Сити.

Англискиот клуб сака да ја активира неговата откупна клаузула од 60 милиони евра.

Следен на списокот е Едерсон кој оваа сезона игра одлично во дресот на Аталанта, а неговата цена е околу 50 милиони евра, што очигледно не е проблем Сити да ја исплати.