Лани си дал ветување и го исполнил:Англичанец истрчал 365 маратони за 365 дена/видео

63

Гери Меки, од Клиатор Мур, во англиската област Камбрија, кој вети дека ќе трча маратон секој ден во 2022 година за да собере 1 милион фунти за добротворни цели, вчера ја постигна својата цел.

Големиот потфат на педесет и тригодишниот Меки започна на 1 јануари минатата година, кога објави дека сака да обезбеди по половина милион фунти за Центарот за рак Мекмилан и Домот за бездомници Камбриа.

Тој во изминатите 12 месеци потроши повеќе од 20 пара патики, истрчајќи повеќе од 15.300 километри, а последниот маратон го заврши вчера околу 15 часот, со громогласен аплауз на голем број луѓе.

Досега има собрано нешто повеќе од 800.000 фунти, а откако ја помина целта рече дека се надева дека ќе најде донатори за да ја постигне зацртаната цел од 1 милион фунти.

„Само се надевам дека луѓето ќе застанат зад нас и ќе собереме 1 милион фунти, а ако не успееме, барем нема да биде затоа што не го одржав ветувањето дека ќе истрчам 365 маратони“, рече Меки.