Англискиот град Портсмут доби нов градоначалник:Заклетвата ја положил на клингонски, придружуван со музика на „Металика“/ФОТО/ВИДЕО

47

Лабуристот Том Колс ја презеде должноста од претходникот Хју Мејсон, на нималку вообичаена церемонија – новиот градоначалник влезе во просторијата придружуван со звуците на песна од „Металика“.

Колс ја избра песната “Eye Of The Beholder“ од албумот на металскиот бенд “And Justice For All“ од 1988 година.

Но тоа не беше се. Во текот на инаугурацискиот говор, новиот градоначалник на Портсмут направи уште едно изненадување кога изговор цитат на клингонски, со што ѝ оддаде чест на научнофантастичната франшиза „Ѕвездени патеки“ пренесува NME.

 

„Патот дотука беше долг, почестен сум што стојам пред вас како нов градоначалник. Се радувам да овозможам годинава да ја направиме пдообра за граѓаните на овој прекрасне град“, рече меѓу останатото, Том Колс.