Англиската фудбалска лига може да исчезне

92

Група почитувани фудбалски фигури напишаа отворено писмо до британската влада, предупредувајќи дека пирамидата на англискиот фудбал е пред пропаст.Меѓу оние кои го потпишаа писмото беа поранешните претседатели на Фудбалската асоцијација Грег Дајк и Лорд Тризман, ко-сопственикот на Сандерленд – Чарли Метвен и поранешниот играч Роби Севиџ. Скоро сите клубови во Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 трпат огромни загуби од затворањето на стадионите поради кризата со коронавирус што започна во март.

Тие се надеваа дека стадионите ќе бидат отворени на 1 октомври, но пред неколку дена британските власти ја отфрлија таквата идеја, што ќе им одземе на помалите тимови голем дел од приходите.

  • За да ја преживеат зимата и да продолжат да се натпреваруваат, клубовите ќе мора да бидат компензирани за изгубената добивка од продажбата на билети. Не треба да биде единствена одговорност на Премиер лигата да ги решава проблемите, што произлегуваат од управувањето на Владата. Со овие одлуки, многу клубови нема да можат да ги задоволат своите трошоци. Ова може да доведе не само до исчезнување на клубовите од едно историско општество, но и до крај на целата фудбалска лига, која постои повеќе од 100 години, стои во писмото до Оливер Доуден, секретар за култура и спорт.