Ангелов ги поддржа планинарите – се искачи на врвот Љуботен

73

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на град Скопје, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со многу планинари во неделата се искачи на врвот „Љуботен“, на Шар Планина, во знак на поддршка на планинарењето во Македонија. Целиот настан и искачувањето беше во организација на  на планинарскиот клуб „Ај лав хајкинг – гроуп Маседониа“ – „J love hiking – group Macedonia.

Ангелов од врвот на Љуботен на „Фејсбук“ информираше дека ЦУК дава безрезервна поддршка на планинарството.

– Времето се влоши, силни налети на ветер, температурата под нулата, снег кој замрзна на неколку опасни делници од патеката, поради што планинарите иако пред самиот врв мораа да се вратат назад, бидејќи едноставно е важно правилото „сејфи фрст“ – безбедноста пред сè – посочи Ангелов.

Тој даде препораки доколку доживеете несреќа или ви се појават здравствени проблеми на планина или наидете на планинар на кого му треба помош, веднаш треба да се јавите на 112. Доколку мрежата е слаба или повремена, веднаш треба да испратите СМС со текст „помош“ и локација (стиснете на „испрати локација“).

– Операторите од 112 во ЦУК ќе ве пронајдат и ќе испратат помош. ЦУК дава безрезервна поддршка на македонското планинарство – вели Ангелов.

Тој раскажува дека планината ги прифатила планинарите за да го запаметат денот со промена на сите четири годишни времиња во еден ден, а со снег, ниска температура  и ветер прво на врвот, а потоа и на пониските делови на планината.

– Имаше и неколку повредени планинари и планинарки (зглобови, грчеви во мускулите и слични поситни повреди), на кои што во координација со присутните од организаторите, Црвениот крст, специјалци од МВР, ЦУК и други присутни институции, а и од учесниците на настанот им беше помогнато да го завршат полесно враќањето до својата дестинација од каде што тргнале – наведе Ангелов.

(А.П.)