Ангела Меркел се враќа на сцена во поинаква улога

400
EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ќе гостува во криминалистички поткаст во специјална божиќна програма.

Во поткастот „Се работи ли за убиство?! На германската државна телевизија SWR, Меркел не зборува за вистински злосторства, туку за криминални случаи во операта „Прстенот Нибелунг“ од Ричард Вагнер. Поткастот во кој Меркел гостува заедно со поранешниот сојузен судија Томас Фишер и водителот Холгер Шмит, е троделен божиќен специјал.

„Среќна сум што овде работам нешто потполно поинакво“ – вели Меркел на прашањето зошто се одлучила да учествува во ваков формат, додавајќи дека тоа е нејзина „новоосвоена слобода“ сега да оди во „потполно друга насока“.

Меркел е голема обожавателка на музиката на Вагнер и редовно го посетува фестивалот во Бајројт. Отворањето на фестивалот секогаш била една од ретките пригоди во годината кога Меркел се појавуваше на црвениот тепих заедно со сопругот Јоаким Сауер со кого ја делат страста кон Вагнер.