Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се уште нема донесено конечна одлука околу иднината на мароканскиот интернационалец Софијан Амрабат. Одличниот играч за врска настапува на „Олд Трафорд“ како позајмен играч од редовите на италијанскиот калчолигаш Фиорентина. Поради фактот дека се почесто е на клупата за резервни фудбалери, Јунајтед се уште нема одлучено дали да го откупи неговиот договор за 25 мил. евра.