Аморим поради една причина го избрка Ван Нистелрој

316
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Пред една недела, трофејниот португалски стручњак, Рубен Аморим, дојде во просториите на Манчестер Јунајтед и официјално започна со работа. Поранешниот тренер на Спортинг од Лисабон има 13 дена пред себе да го подготви тимот, а ќе дебитира против Ипсвич по репрезентативната пауза.

Аморим го наследува Ерик тен Хаг и со нетрпение се очекуваше неговото доаѓање на „Олд Трафорд“, а навивачите се надеваат дека тој ќе ја продолжи одличната работа што ја направи во Португалија.

Руд ван Нистелрој привремено го водеше тимот многу успешно, но Холанѓанецот, кој е легенда на Јунајтед не остана во Манчестер. Сосема неочекувано тој беше отстранет како некои негови колеги откако тоа го побара Аморим.

Рио Фердинанд, поранешен соиграч на Ван Нистелрој, смета дека Аморим го избркал Холанѓанецот бидејќи „навивачите премногу го сакаат“.

„Доколку имате таков човек на клупата за асистент и работите не одат како што сакате, знаете дека навивачите ќе почнат да бараат Ван Нистелрој да стане главен тренер. Навивачите го сакаа, го сакаат уште повеќе. “ објасни Фердинанд во својот подкаст.

Ван Нистелрој за Јунајтед одигра 219 натпревари и постигна дури 150 голови, а со „црвените ѓаволи“ беше шампион на Англија. Подоцна се пресели во Реал Мадрид, каде продолжи со одличните игри, а играчката кариера ја заврши во Малага во 2012 година.